Friday, December 24, 2010

ФРИСТАЈЛ И БРЕЈКДЕНС НА ХИПХОП НАГРАДИТЕ

Се ближи настанот кој долго го очекуваме односно Вторите македонски хипхоп награди. Секојдневно добиваме нови предлози и додаваме нови работи кои треба да се случат на овој настан. Најнова вест е тоа што се пријави сега за сега еден кандидат кој е подготвен да излезе на сцена и со помош на работите кои го опкружуваат да ни склопи текст кој се надевам ќе ја запали публиката. Немаме некаков ограничен број на фристајлери па зошто не би бил и ти дел од овој настан. Исто така да не заборавиме дека на настанот покрај MC...
Види повеќе....

FACE OFF ВИ ГО ПОДАРУВА 4-ТИОТ НЕГОВ АЛБУМ

Членот од групата FAM (Владимир Наумовкски a.k.a Face off) ви го поклонува неговиот 4-ти личен албум, насловен “CRUNK Дијагноза“. Овој албум вклучува колаборации со: Ивана, Казна, Роби, Били, Биг, Тасев, Мартинез (Лесен Удар), Иле (West Destination), 2Fast, Loco Coyote, Fear, Snoopy Mc & Моника. За овој албум се снимени 3 видео записи за песните кој се наоѓаат под содржината. Повеќе информации за албумот ќе можете да најдите на...
Види повеќе...

Thursday, December 23, 2010

СТИХОВЕН КАЛИБАР СО 5-ОТ ВИДЕО ЗАПИС ОД НАЈАВЕНИОТ АЛБУМ

Денес излезе спотот на Стиховен Калибар за песната “Македонија”. Секогаш бунтовен и креативен каков што го знаеме, спотот е уште една критика кон општеството во кое живееме. Инаку, видеото е изработено од страна на Дарко Костовски, гитара и бас- Трајче Митрески, пијано-Блузовски и специјален гостин во спотот е Иван Велковски. Снимен е на повеќе локации во Скопје, а воедно ова е 5-от спот од најавениот албум На Стиховен...
Види повеќе...

Wednesday, December 22, 2010

ВО НЕДЕЛА СИТЕ ВО КАСТРО !!!

Дојде време македонскиот хип хоп повторно да се обедини на една сцена. Македонски Хип Хоп Награди – втора година по ред. И овој пат најдобрите рап артисти во 9 категории по избор на публиката. Настанот ќе се одржи во недела (26 декември) со почеток од 20 часот и ќе трае до полноќ. Локација – клуб Кастро! Влезот е само 150 денари. Со оглед на тоа дека има многу квалитетни рап артисти кои и покрај својата младост, сепак се докажани...
Види повеќе...

Sunday, December 19, 2010

ГРАФИТИ ВО АМЕРИКА

До неодамна, графитите беа сметани за пример на анти-социјално однесување или работа на вандалите. На денешницава, многу од тие “вандали” се почитувани артисти и некои од нив влегоа во светот на бизнисот. Сју Кларкс известува. Жителите на Њу Јорк наоѓаа графити на ѕидовите од сиромашните маала и во метрото како нешто заканувачко и пример за урбано распаѓање. Испишаните имиња...
Види повеќе...

Saturday, December 18, 2010

И ОФИЦИЈАЛНО ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СПОТОТ НА НОЖ !!!

Оууу спотов е на место сестро... За сите што не се појавија вчера на промоцијата во Хавана поради ниските температури или било кои други причини... официјална можност да го видат квалитетното парче видео материјал од Нож како најава за неговиот нов албум... За спотот што да кажеме ? Дефинитивно заслужува да се врти по ТВ каналите. Реална приказна за една скопска населба низ текстот, интересни кадри и локации низ слика. Видео кое заслужува високи оценки, впрочем проценете си сами ние го нудиме линкот и даваме позитивна критика, палците горе, линкот ...
Види повеќе...

NRS СО ТРИ НОВИ ПЕСНИ

NRS ви предложуваат да ги слушнете нивните три нови песни. Првата песна е соло на Алек и е насловена “Само Напред“. Песната во која се зборува за животот, за тешкотиите во него...едноставено Алек се обидува да им даде воља да не се откажуваат, да одат само напред. Втората песна е од Алек и Ико. Носи наслов “Реални Стихови“. Песна во која се зборува за тоа како ...
Види повеќе...

Thursday, December 16, 2010

АРДИ И ТРАКЕР ГРИЗААТ СО ВИДЕО ЗАПИС

Ардијан Демировиќ (Арди) & Андреј Трајковски (Тракер) пред некој ден извадија спот за песната “Гризам“. Аудио и видео продукцијата се на Urban Rеcords. Спотот е снимен низ повеќе локации во Скопје еве некои од нив: Ново Лисиче (кај новите згради), Аеродром (во подрум кај што има кадри со решетките), Кисела Вода (кај Напуштената фабрика-Илинден). Приказната за спотот е тоа како емсињата што се заробени од страна на нивни луѓе им ги носат, затоа што имат се**** за нив, а Арди и Тракер им одржуваат лекција кој гризе, а кој лае во рапот. Линкот ...
Види повеќе....

Wednesday, December 15, 2010

ОХРИЃАНИТЕ “URBAN MINDS“ СО СПОТ ПРВЕНЧЕ

Излезе спотот од „Urban Minds“ кој го најавивме пред неколку недели. Тие во родниот Охрид го снимија својот прв спот со наслов ''Ветрушка'' кој го работеше „EV production“, а за музичкиот дел се погрижи Даниел Јовески (Sustain Studio). „Urban Minds“(Наум Размоски и Горан Гулески) направија пародија т.е. хумористичен спот кој ќе ...
Види повеќе...

Tuesday, December 14, 2010

ЈУБИЛЕЕН КОНЦЕРТ НА ЛЕГИЈАТА ВО МКЦ

Минаа десет години откога македонската хип-хоп група Легијата зачекори на музичката сцена. Десет години од првиот настап на култното радио Канал 103, десет години минати во творештво и зачувување на вистинскиот и квалитетен звук, за да стигнат до тоа што се денес: предводници на македонската underground хип-хоп култура и музика.Токму затоа, по повод десетгодишнината од постоењето на Легијата ќе се одржи јубилеен спектакуларен концерт во организација на Shuriken Records и Младинскиот културен центар. Концертот е закажан на 18 декември, со почеток во 20 часот во Младинскиот културен центар. Како специјални гости на вечерта ќе бидат...
Види повеќе...

Saturday, December 11, 2010

ПРОМОЦИЈА НА НОВ ВИДЕО ЗАПИС НА НОЖ

Како што неодамна на интернет се појави најновото квалитетното парче музика од студиото на Хипхоплетика, заедно со најновата песна на Нож дојдоа и најавите за промоција на видео записот на истата... Епа токму така, како што римите на Нож продолжуваат да бодат, така во етерот ќе боде и уште еден негов видео запис. Па почитувани посетители ХипХоп.мк и екипата на Хипхоплетика срдечно ве покануваат да присуствувате на промоцијата на видео записот за Р.Е.М.
Види повеќе...

Wednesday, December 8, 2010

ОХРИДСНКИТЕ РАПЕРИ URBAN MINDS & PFB ЕКИПА ВИ ПОДАРУВААТ 4 ПЕСНИ

Охридснките рапери Urban Minds & PFB екипа ви подаруваат четири траки кои се најава за спотот на Urban Minds со наслов “Ветрушка“ кој ќе излезе овие недели. Првата трака е насловена “Доста Веќе“ и на оваа трака се појавуваат PFB Bizzy & Noms Boms (Urban Minds) - аудио продукцијата на оваа трака е на Bizzy. Втората трака е насловена “Мртва Тишина“. Овде се појавуваат Urban Minds (Noms Boms & Gule). Аудио продукција на оваа трака е Sustain Studio. На третата трака повторно имаме можност да ги слушнеме Noms Boms (Urban Minds) & ...
Види повеќе...

Tuesday, December 7, 2010

ЈАКО БЕШЕ ?!?!?!?

Onyx in da house!!! Викендов Македонија беше местото на кое цел Балкан лудуваше до зори. Саботата беше денот кога во Македонија се рокаше рап како никогаш досега. Овогодинешниот фестивал “Таксират” за нас хип хоперите беше посебен и како никој друг досега. Од бла, бла, бла причини јас не присуствував на настапот на Оникс на “Таксират”. Како и да е... моментално има многу позитивни реакции од нивниот настап. Деновиве во Македонија има бура од импресии заради доаѓањето на Оникс и Ди Џеј Премиер во Скопје. Сигурно било лудо...

Види повеќе...

http://hiphop.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=586:2010-12-07-14-46-03&catid=46:2010-02-24-16-18-18&Itemid=45

Saturday, December 4, 2010

СЛИКИ И ВИДЕА ОД НАСТАНОТ ВО ДОМ НА МЛАДИ - ШТИП

Помина и третата журка во која хипхоп.мк се најде како главен организатор. Најпрвин благодарност до сите присутни. Немаше 100000 продадени карти, бевме скромни 150 уживатели на вистинскиот звук, но сепак доволно за да се направи атмосфера и да се скока на добрите ритмови. Групата од Штип “Лиричка Патрола“ го отворија настанот, потоа продолжија “Висок Напон“ група исто така од Штип овие две групи ја кренаа публиката во воздух секоја чест!. Следеше настапот на ...
Види повеќе...

Thursday, December 2, 2010

OFFICIAL VIDEO - BEATBOX REPREZENT KRTOT !

Официјалното битбокс РЕПРЕЗЕНТ видео од КрТоТ од пред некоја недела е пуштено во етер. Со ова видео КрТоТ им препорачува на сите сегашни, сите идни и надежни битбоксери да го усмерат својот талент или својата упорност кон оргиналност и уникатност. YouTube надежните лица нетреба да се китат со титулата БитБоксер, ако се веќе дел од оваа култура. Нека бидат целосно во неа внесени. Моќта, разорноста и вештината е представена во ...
Види повеќе...

Sunday, November 21, 2010

ХИПХОП.МК ПОВТОРНО ВО ШТИП

хипхоп.мк ја организира втората хип-хоп журка оваа година во Штип. Овој пат случувањето ќе биде во Дом На Млади. Гледавме да избереме стил за сечии вкус. Од Штип ќе имате можност да ги погледнете ...
Види повеќе...

Saturday, November 20, 2010

ELEVEN MC СО НОВА ПЕСНА/FREE DOWNLOAD

Раперот од Штип Eleven MC пред една недела извади нова песна, која е насловена “Поделба“. Снимена е и продуцирана во ПУЛС Продукција - Штип Македонија и со оваа песна Eleven го најавува албумот кој се изработува во периодот кој што следува. На траката како комплетен автор се јавува Виктор Станојков (Eleven MC), освен музиката која е дело на Life Music Production. Линкот ...
Види повеќе...

ДЕКИ О2 ПРОДОЛЖУВА СО СВОЕТО ШОУ

Деки о2 продолжува со своето шоу! Деки о2 е македонски рап артист, кој низ 6 години работа се зафати да го снима и работи својот прв соло албум. Досега има издадено 2 албума, во 2007 година како дел од бендот Совршена Структура (Деки о2 и Далтон) и вториот албум кој излезе во јануари оваа година насловен како "Во Секој Поглед" кој беше соработка со Страчка! Воедно тој е дел од групацијата Хипхоплетика...
Види повеќе...
http://hiphop.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=582:-2-&catid=9:makrapvesti&Itemid=8

Tuesday, November 16, 2010

"ТИЛВА РОШ" УШТЕ ЕДЕН ФИЛМ СО ГРАФИТИТЕ НА МОНС И 8 ОСВОЕНИ НАГРАДИ

Уште еден филм со графитите на Монс во Скопје. Овој пат се работи за филмот "Тилва Рош" кој веќе освои 8 награди на неколку светски фестивали. Во овој филм Монс се појавува и како глумец со неговата актерската екипа од КЗС - Колос, неговите графити ги красат сцените на филмот, а споменатите момци (KZS, Lebe Devo, Mons) претставуваат и инспирација за филмот. Филмот ќе се прикажува во рамките на филмскиот фестивал ''Cinedays'' во Скопје, утре на 17.11.2010, кеј "Димитар Влахов" бб. Повеќе детали за филмот подоле:
Види повеќе...

Sunday, November 14, 2010

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Ете,започна зимското сметање на времето.На временските прогнози температурата оди надолу,го очекуваме снегот,ноќта паѓа,светлата се палат порано,сонцето порано се крие зад високите планини и во раните утрински часови се буди од спротивната страна.Денот е краток,а ноќта е подолга...
Види повеќе...

Friday, November 12, 2010

МАКЕДОНСКИ ХИП ХОП НАГРАДИ 2010

Почитувани, ве известуваме дека и оваа година ги организираме Македонските Хип Хоп Награди, втора година по ред. Би сакале да ве известиме за начините на кои можете да придонесете во реализација на оваа идеја, затоа што пред се ВИЕ сте тие кои ќе ги прогласат победниците во дадените категории. Подоле во текстот ќе ги погледнете предлозите за номинации во 9 категории...
Види повеќе...

Thursday, November 11, 2010

СТИХОВЕН КАЛИБАР СО НОВ ВИДЕО ЗАПИС

Стиховен Калибар и Културно уметничките работници го снимја видео записот за песната која беше во етер пред некоја недела насловена “Ѓубрето“. Музиката е на Културно уметничките работници, додека видео записот го има снимено и монтирано Дарко Костовски. Песната ќе ја има на албумот и на културно уметничките работици и на албумот на Стиховен Калибар кој се во изработка. Локацијата каде што ...
Види повеќе...

Monday, November 8, 2010

PI4 - ЈАС СУМ ВОЈНИК/FREE DOWNLOAD

Pi4 не престана да твори па војнички, цврсто и лојално се посвети на Хип-Хоп Музиката, а сето тоа го оправдува и докажува неговата најнова песна “Јас Сум Војник“. Песната е снимена во студиото на Како Браќа Production и во неа се употребени најновите техники во изведувањето и продуцирањето и доказ за тоа е што pi4 овде менува повеќе стилови на рапување. Поради бараност на песната фановите ќе имаат екслузивна можност ...
Види повеќе...

Saturday, November 6, 2010

LD PISTOLERO ЈА ОСВОЈУВА И СРПСКАТА СЦЕНА

"Duplo Ludji" е новата песна на LD Pistolero која беше зачинета со спот, во соработка со српските рапери Don Dada & Wikluh Sky. Еве повеќе детали околу видео записот. Инструменталот е наDragutin Culic - Don Dada и e снимен на Crnotravska 11, South Suicide Banjica vo "Zmaevo Gnezdo" како и останатиот дел од албумот. Аудио инжинер на спотот е Goran Vitorovic - CIRA. Видео продукцијата е дело на Nebojsa Jokic - Shaman za Over Flow Production. Спотов е снимен во ...
Види повеќе...

Wednesday, November 3, 2010

URBAN MINDS СО ПРВ СПОТ

Охридските Рапери "Urban Minds" деновиве снимаја необичен спот. Станува збор за песната "Ветрушка" хумористична песна и хумористичен спот. Спотот се снимаше цели 12 часа на неколку локации низ Охрид. "Urban Minds" пред неколку месеци излезе со првиот албум, а ова им е прв спот. Членови на "Urban Minds" се раперите: Горан Ѓулески и Наум Размоски, а во спотот се појавуваат уште ...
Види повеќе...

Monday, November 1, 2010

ОД РАП ДО САНДАК

Излезе видео записот од Кртот и Секачот.Видео со кое артистите сакаат да пренесат и прикажат дека рапот сеуште е жив и тече низ Чаир.Ако има легенда за чаирот тоа ќе бидат DJ Goce,Pikisipi,Tonyo San,Kemp,Krtot,Sekacot,MM Vlado G & shupi flow.Кртот како што изјави песната "Чаирски приказни" не е за џабе,тешките и големи рап легенде се произведени во таа населба (Чаир).Аудиот е на ФИлип - ФУндамент, целосно обработена од...
Види повеќе...
http://0.mk/f3c6

ТОНИ ЗЕН ЗА HIPHOP.MK: "БАС" ЗА DOWNLOAD И СЛИКИ ОД СНИМАЊЕТО НА СПОТОТ

По снимањето на "Преживеан" Тони Зен во септември месец се врати во Македонија. Премногу шпекулации за тоа дека изгубил,дека го каснала змија итн,но за ова останува да видиме,ова сега не е темата.Темата на денешната вест е дека тоа Тони Зен ви ја пдоарува новата песна насловен "Бас".Со оваа песна
Види повеќе...
http://0.mk/4a3c

ЛЕГИЈАТА ВИ ПОДАРУВА АЛБУМ-ПО ПОВОД 10 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ЛЕГИЈАТА

По повод 10-годишнината од постоењето на Легијата,екипата на Shuriken Rekords на своите фанови им го подарува албумот од Легијата кој беше издаден 2008-ма за издавачката куќа 103 Рекордс и нисеше наслов "Лош ден за империјата".Зад себе имаат оставено бојни изданија,како соло изведувачи,групни албуми и еден официјален заеднички албум на сите членови во екипата.На овој потег...
Види повеќе...
http://0.mk/5f8a

Wednesday, October 27, 2010

КРТОТ ПОВТОРНО АКТИВЕН

Нов бит-бокс од Ненад или повеќе познат по името Кртот.Уште еден битбокс кој треба да се појави на ковер проектот.Аудио продукцијата е на Секачот,додека инструменталот е Feestyle. Овој бит-бокс е малку поинаков од другите,затоа што е посветен на другар на Кртот воедно и бит-боксер но за жал тој не е меѓу нас повеќе,па хорот е токму за него.Бид-боксот имате можност да го преслушате на...
Види повеќе...
http://0.mk/a7f8

Tuesday, October 26, 2010

МОИТЕ ТРИ КЛУЧНИ ПРИЧИНИ

Очигледно е дека на македонската хип хоп сцена има голем неред и тој неред станува постепено уште поголем неред.Кои се причините за тоа,кој е кривецот, или сепак рапот претставува само една обична бесмислена музика???Првата причина која е многу актуелна за пропаѓањето на рапот на нашава сцена е комерцијалниот рап и тоа како се повеќе рапери кон комерцијалата и остварување на профит преку таквиот "фејк рап".Постојано излегуваат нови песни,нови спотови кои се многу со американските песни и спотови.И андерграунд раперите тргнаа во тој правец.Можеби не со копирање(мада го има тоа и кај нив) но сепак се вртат на рап кој е полесен за слушање и со поедноставна тематика.Како втора причина...
Види повеќе...
http://0.mk/5c63

Sunday, October 24, 2010

ИНТЕРВЈУ СО ХИПХОПЛЕТИКА

Ново !!! Ново !!! Најново !!!Најлудото интервју досега,специјално за нашите ценети читатели...Ексклузивно за хипхоп.мк, како и секогаш информации од прва рака... Дознајте се што ве интересира за Хипхоплетика.За соговорници ги имаме Деки 02 и ДЏ Дрази Драгс.Другарите...
Види повеќе...
http://0.mk/48cc

УРБАНИУМ СО НОВА ТРАКА

Новосоздадената битолска група Urbanium во која членуваат {kosta Freestyler,(mc) Stefan Piratos,(mc) Vlatko da bit(mc,producer),Kanak(mc,producer),Mc Suv(mc),Ognen(mc,beat box), Velko(mc,Dj)} пред некоја недела во етер ја пуштија нивната прва песна насловена како името на групата "Урбаниум".Песната е...
Види повеќе...
http://0.mk/cf79

Saturday, October 23, 2010

ТЕТОВО ЗАСТАНА НА НОЗЕ!!!

ТНС тимот (Екипата и T-clan) по подолга пауза се вратија во етерот со нивниот препознатилив стил.Овој пат ви предложуваат да ги преслушате нивните две нови траки кои ги најавуваат на она допрва што следува од тетовските артисти.Првата трака е Екипата фт. Аго-Без влакна на јазик изработена во DNS Продукција,додека втората трака е T-clan- Eдна љубов изработена во...
Види повеќе...
http://0.mk/6335

Wednesday, October 20, 2010

ПРВАТА ДАМА СО НОВА ТРАКА

Првата Дама а.к.а. Big E е со нас, но дали и вие ќе бидете со неа?:) "Со тебе сум" е насловот на новата песна на Првата Дама.Снимена е во Холандија и продуцирана е од продуцентот во Холандија Chokz.Песната е премногу реална во која јас искрено се пронајдов во неколку стиха, а верувам дека и вие по рпеслушувањето на песната ќе се пронајдете во некој стих,а можеби и во цела песна.Линкот за да ја преслушате песната се наоѓа...
Види повеќе...
http://0.mk/c07f

SHASHAV СО ЧЕТИРИ НОВИ ПЕСНИ

ShaShav со четири нови песни.Првите две песни му се соработка со Bokzy & Tina, додека другите две песни му се соло проекти.Песната "Гледај реално" е во соработка со Bokzy, а песната "Заборави" е во соработка со Bokzy & Tina."Еден живот" и "Остај го мајко" се соло проекти на ShaShav.Сите четири песни се снимени во нивнотот студио."Гледај реално" и "Заборави" се продуцирани од самите артисти,додека "Еден живот" е продуцирана од Крсте (ККД Продукција),а "Остај го мајкот" е продуцирана од СДФ(Андер Би).Линковите...
Види повеќе...
http://0.mk/coe8

Sunday, October 17, 2010

КРТОТ И СЕКАЧОТ СО НОВА ПЕСНА

Минатата недела официјално во етер беше пуштена најновата песна на Кртот и Секачот- Skopje via Mexico.Посетителите на хипхоп.мк ке имаат можност да ја преслушаат на линкот што се наоѓа на целосниот приказ.Целосен продуцент и аранжман се лично на кртот,нови и поинакво парче од СИТЕ останати,не само од парчињата на кртот,а сепак има дух и харизма. Песната има скриена поента,за тој кој е вистински обожавател на длабокиот стих.Кртот уште еднаш изјави дека...
Види повеќе...
http://0.mk/5е6d

Saturday, October 16, 2010

NRS СО НОВА ТРАКА

NRS или Алек и Ико со песна во која рецитираат за животот,за проблемите во него и надвор од него и дека утехата ја гледааат во рапот.Со оваа песна не најавуваат ништо,а песнава е продуцирана во МКGlobalized Prodaksn.Линкот за да ја преслушате песната се наоѓа...
Види повеќе...

Friday, October 15, 2010

ВПЕЧАТОЦИ ОД ПРЕМИЕРАТА НА MONS IS DONE

Задоволни фаци и исцртано платно во Скопје,исцртан ѕид во Тетово,нови познанства дружења
и фристајлови до зори, како доказ дека хипхопот спојува и не познава граница.Ова се накратко пропратените настани и реакции после одличната премиера а долгонајавуваниот српскиот графити филм "Mons is done".Локацијата беше позната "La Caffe" ул. Македонија, строг центар на Скопје,присуство бесплатно,но драгоцено,незадолжително,но сепак вредно за раскажување.Дружењето не почна и не заврши тука,но секако...
Види повеќе...
http://0.mk/f275

Thursday, October 14, 2010

СУВЧО КЕ ПРОМОВИРА ДЕБИ-АЛБУМ

Промоцијата на првиот соло албум со наслов Спомен на Сувчо-MC Сув (Урбаниум) на 16.10.2010(Сабота) во Infinity Club во Битола со почеток во 20 часот.Албумот е снимен во Boom Recordz и на него има 12 песни,во некои од песните гостуваат други артисти од Битола.Нема да го има за продажба, и секој што ќе дојди на промоција ке добие оригинално издание од истиот.Целта не е...
Види повеќе...
http://0.mk/3294

Tuesday, October 12, 2010

СТИХОВНО ВОЈУВАЊЕ СО ВИДЕО ЗАПИС ЗА ПЕСНАТА "ДИВА ЛИГА"

Битолската рап група Стиховно војување ви предлага да го погледнете вториот видео запис за песната Дива лига.Спот,а и песната навистина ја претставуваат реалната слика за тоа што се случува на часовите во некои школи во Македонија.Спотот е соработка со Дрим Каст продукција од Битола.Снимен е на две локации во Битола.Првата локација е во едно основно училиште,а втората локација е во приватна гаража.Ова видео својата промоција ја доживеа на...
Види повеќе...
http://0.mk/2e08

Sunday, October 10, 2010

NBD ФОРМАЦИЈА-ДИФРАКЦИЈА/FREE DOWNLOAD

NBD формација посветуваат песна за кикбокс fighter-от Дејан Петрич од Штип,насловена Дифракција.Музиката е на Митко Јовановски(Magnus) и на Илија Ќосевски текстот е на Виктор Станојков а.к.а. Eleven MC,изведена е од членовите на NBD формација Eleven MC и Дарко николов а.к.а. dArK bEaSt.Песната е снимена во доста познатото штипско студио Магнус продукција.Песната...
Види повеќе...
http://0.mk/87bf

Saturday, October 9, 2010

МАЛО ПОТСЕТУВАЊЕ НА MONS IS DONE

Мало потсетување на денешниот хип хоп настан бр. 1 во Скопје....Со големо задоволство ви го претставуваме Мons is done,графити филм екстремно популарен во Србија кој се задржува на творештвото на графити артист Mons кој заедно со неговата екипа KZS работи на провирање на графити уметноста во Србија и на Балканот.Во месец октомври филмот ќе...
Види повеќе...
http://0.mk/6499

Thursday, October 7, 2010

КРТОТ СО ДВЕ НОВИ ПЕСНИ

Кртот ви најавува две песни.Еве детали за првата.Песната е преработка на на песната хипхоп од Dead Prez изведувачите.Аудио продукцијата и мастеринг на битбоксот се лично на Кртот.Со оваа песна Кртот ви го најавува мини проектот кој ќе биде препратен со битбокс преработки на повеќе песни.Втората песна не е преработка,туку е негово дело.:)Пресната е продуцирана од Фундамент продукција.Крвава содржина,борбен стил и техника која е одлика на крт.песна во која освен текст и лирика е поднесена и неговата целокупна техника и препознатлив вокал и флоу.Песната носи наслов "Предупредување" и за некој месец ќе можеме да очекуваме видео запис за истата.Кртот изјави дека...
Види повеќе...
http://0.mk/452e

Friday, October 1, 2010

ПРОМОЦИЈА НА ГРАФИТИ ФИЛМОТ "MONS IS DONE" ВО МАКЕДОНИЈА+ ИНТЕРВЈУ СО SHORTI

После долги напори да се овозможи промоција на овој филм в Македонија,воглавно hiphopmacedonia.com потпомогнат од тимонт на hiphop.mk со чест ви го најавува овој настан.покрај информациите за овој настан имате можност да го проследите интервјуто со артистот кој е виновен за реализирање на овој филм подносно Shorti.Веднаш под најавата за настанот имате две верзии на итнервјуто односно на Маекоднси и на Српски јазик. Промоцијата ке се случи на...
Види повеќе...
http://0.mk/63ab

Sunday, September 26, 2010

ИНТЕРВЈУ СО ПРИЗЕМЈЕ

Неделава отидовме на западната страна на град Скопје,или поточно во Козле.Таму се наоѓаа дечките од Приземје екипа со кои и направивме интервју.Одговорите и прашањата од Приземје екипа ќе ги прочитате со отварање на интервјуто :).Може да започнеме. Хипхоп.мк:Здраво момци,како сме,се снима ли нешто? :) Приземје: Здраво, здраво!Добри сме фала на прашање.Се снима се снима :). Хипхоп.мк: Ајде да се претставите...
Види повеќе...
http://0.mk/аа48

Friday, September 24, 2010

ПОЕТИКА И ПЕСНАТА ВОВЕД

Поетика или двете групи S.N.S. во која членуваат (Јое & Vlade) & Realen aspekt во која членуваат членовите (Jove,Soldier &Cabac) ги споија своите сили и ја офрмија Поетика. Дечките се од Битола млади и надежни рапери.Тие како група Поетика ја снимија првата трака "Вовед".Темата на песната е Battle,а аудио продукцијата е...
Види повеќе...
http://0.mk/1f9e

Wednesday, September 22, 2010

THA TITANIUM

Сепак не е се така црно во светов па така и во рапот.И покрај сите срања кои се случиле,кои се случуваат и кои допрва ќе се случат секогаш имало,има и ќе има некој поквалитетен,некој подобар,некој што ќе го прави она вистинското.Во емисијата Хип хоп магазин беа интервјуирани модераторите на оваа страна,дечките од УФС,млади сили кои се надежни и се надевам дека ќе бидат доста успешни во иднина.Покрај ова јас би сакал да посочам и на уште една квалитетна и андежна хип хоп група...
Видид повеќе...
http://0.mk/8708

Saturday, September 18, 2010

ПАБЛО СО НОВА ТРАКА/FREE DOWNLOAD

Игор Караџоски а.к.а. Пабло ја ужива рап музиката, па во слободно време снима траки чисто за лично задоволство но сака да ги сподели со сите кои сакаат добар текст.Тој ви ја подарува неговата најнова песна насловена како "Убава но...".Продуцирана е кај Љупчо Тодоровски а.к.а. LTX а текстот е во соработка со Дарко Ивановиќ.Песната "Убава но..." ке имате можност да ја симнете на линкот којсе наоѓа на целосниот приказ,а видеата кои се наоѓаат под содржината и линкот,се две постари траки на Пабло во соработка со Далибор и...
Видид повеќе
http://0.mk/2b57

РЕВОЛТ НА JOE THC

Зошто македонската рап сцена постојано. тоне и тоне и тоне...Дали за тоа се криви како што и сите ги криват,песните со ауто-туне,песните за пари,коли,песните за жени и слично...НЕ !!!Верувајте тоа не е така!Дали сте се запрашале колку квалитетни есмиња има во нашава држава,кои се залагаат за одржување на македонската underground сцена?!?!. Шпартајки по Јутуб имав прилика да цујам еден куп македонски рап песни од кои искрено се разочарав...Сите изведувачи беа...
Види повеќе...
http://0.mk0042

Friday, September 17, 2010

WOLF MC СО НОВА ПЕСНА

По кратката пауза Wolf MC се враќа на музичката сцена."Ти сакаш" е насловот на новиот сингл на Wolf MC кој го работеше со неговиот српски колега Mc Sljiva.По долги договарања и подготовки околу текстот и музиката кои се дело на двајцата рапери,песната "Ти сакаш" конечно беше снимана.Истовремено Wolf MC работи на два нови проекти од кој една од нив е гостувањето во песната "Обичен ден" Kavklan групата која моментално во студиото "Waves Records" го работи својот албум.За се она што ќе ни подготви Wolf MC...
Види повеќе...
http://0.mk/6085

Wednesday, September 15, 2010

14 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА 2PAC

Со мало задоцнување од еден ден,ја објавуваме веста за Tupac Amaru Shakur исто така познат по имета 2pac.Што значи овој ден?Вчера дојдоа 14-те години од убиството на 2pac... човек кој остави голем белег во хип хоп индустријата и за жал само сотанува да уживаме во енговите песни,што ги остави зад себе.Да се потсетиме малку на неговата биографија која следи во приказот на следниот приказ.2Pac(16 јуни 1971-13 септември 1996)Легендо почивај во мир.Lesane Parish Crooks,познат пос воето сценско име 2Pac (или едноставно pac) и Makaveli, e...
Види повеќе...
http://0.mk/b6b4

Tuesday, September 14, 2010

NBD FT. URBAN MINDS-БАНДИНИ 2010/FREE DONLOAD

dArK bEaSt a.k.a. darkZY & Tigarot од тимот NBD formacija (Штип) и оваа недела изненадија со песна.Овој пат е во дует со дечките од Urban Minds од Охрид.Колаборацијата е Охрид-Штип,траката е снимена во Магнус продукција (Штип)и е продуцирана од продуцентот Митко Јовановски.Тракицата носи наслов "Бандини" и нема што да ви откријам,туку ќе ве оставам вие...
Види повеќе...
http://0.mk/d420

Sunday, September 12, 2010

ICE-D СО ДЕМО ТРАКА

Ice-D ви го препорачува да го слушнете неговото недовршено демо парче, на кое што се работи во студиото на Tha Titanium.Во тек е комплетирањето од страна на продуцентот Rickbeatz.Трака во која се опишува дел од животот на артистот и според мене ова е изгледа прва афтобиогравска песна на овој артист.Ice-D изјави дека кога ќе биде завршена песната ќе имате можност да ја симнете од хипхоп.мк.Преслушајте ја песната која се напѓа на целосниот приказ и...
Види повеќе...
http://0.mk/aaa8

ШО МУ Е НА РАПЕРИВЕ БЕ БРААТ??!!

Како беше она бе..."Шо му е на рапериве бе браат"??Искрено ова е прашањето кое можеш да го поставиш за денешните така наречени "рапери" и на ова прашање тешко дека некој ке ти одговори...Рапериве станале главни фаци бе ејј!!!Кај по телевизииве се актуелни,со почетоков на школската година и на тетратките за нас учениците ги има!Еден добар пријател ми прати линк на кој има слики со тетратките на кои стојата нашите колеги од т.н. "хип хоп револуција" и кои веќе се пуштени во продажба.Така ние помладите ќе си учиме од...
Види повеќе...
http://0.mk/D72F

СОНИШТА НА ACE И V.S.

Ace i V.S.(Васко Спиров) рапери од Штип за некој познати,а за тие што не ги познаваат ке дознаат од видеото кое ќе следи на целосниот приказ.По долгогодишна работа тие се појавуваат со нивниот прв албум Dreams кој е составен од 11 траки.Песните се изведени на македонски и англиски јазик и снимени се во Кентаур продукција во Штип.Заслужен за музиката и аранжманот,како и продуцент се јавува Роберто Поп Димитров,кој воедно е и соло-артист и препознатлив вокал,кој настапува во дел од песните.Наскоро се очекува и промоција на албумот и видео записот снимен за песната...
Види повеќе...
http://0.mk/f391

Thursday, September 9, 2010

ИНТЕРВЈУ СО STR2

Конечно после долго време, да речеме година дена од планираното :),изготвивме интервју со хипхоп ветераните СТР2.Имавме многу побарувања од страна на посетителите на хипхоп.мк. Ние имавме многу прашања,а они ни дадоа одлични одговори,но да оставиме вие да одлучите за тоа.Hiphop.mk:Здраво момци,како сте?Конечно и вие дојдовте на ред а???:))) мала шала... (со момците од СТР2 требаше да направиме интервју уште од лани вината е кај наса,можете слободно да не пцуете...)STR2:Да да...
Види повеќе...
http://0.mka963/

Wednesday, September 8, 2010

DEYAN FANKY СО НОВА ПЕСНА/FREE DOWNLOAD

Од пред некој ден е во етер новата песна на Deyan Fanky која носи наслов "Крив е Facebook" и можат да се пронајдат многу и многу персони.Песната е нов модерен хип хоп звук и носи порака за тие што ќе се пронајдат во неа.Песната е снимена во Crew records и музиката е на самиот изведувач,а текстот на велешкиот рапер Igreto.За тие што сакаат да ја преслушаат песната можат тоа да го направат со симнување на песната во компјутерите на линкот на целосниот приказ...
Види повеќе...
http://0.mk/3e0a

Sunday, September 5, 2010

ХИП ХОП МАГАЗИН ВО НЕДЕЛА ВЕЧЕР.КАСНО ВЕЧЕР!!!

Да,специјализиранта емисија за хип хоп која ја подготвуваме за вас еднаш месечно за вас своето септемвриско издание ќе го има во недела вече на МТВ 1(на прва).И тоа ни повеќе ни помалку во 3:15 часот:))).Зошто е тоа така можете слободно да ги прашате оние кои ја прават бедната програмска шема на МТВ.Имено од терминот во 20 часот па се до 3:00 ќе имате можност да погледнете 2 филма (претпоставувам дека се некои ремек-дела штом доаѓаат од МТВ)и што уште не,а емисијата која е меѓу ТОП-5 најгледани на...
ВИди повеќе...
http://0.mk/5d32

Saturday, September 4, 2010

NEVER BACK DOWN(NBD-Нови правила/FREE DOWNLOAD

Ново парче од штипската екипа NBD формација.овој пат во песната се појавуваат Eleven mc & Dark Beast a.k.a darkzY.Песната носи наслов "Нови правила" аудио продукција е на Пулс production-Штип(ново студи на еден na членовите на групата т.е. Eleven mc).NBD формација инаку со оваа песна ви го најавуваат и албумот кој моментално е во изработка.За да ја преслушате песната ќе треба да ја симнете во вашиот компјутер,а тоа ке го нарпавите со кликање на линкот кој се наоѓа во целосниот приказ...
Види повеќе
http://0.mk/aecf

Thursday, September 2, 2010

Како Браќа го промовираа спотот за песната "Немам пари"

По еден месец снимање на спотот за песната "Немам пари" пред некој ден излезе во етер. Хипхоп.мк тимот не беше присутен на промоцијата,но како што известија Како Браќа, промоцијата се одржала во кафе барот "Angels caffe" на 26-ти август во Штип.Промоцијата поминала одлично,а вдиео спотот бил проследен со овации од страна на публиката.После промоцијата...
Види повеќе...
http://0.mk/0dcb

Ice-D со нова трака

Уште едно ново парче од прилепскиот рапер Ice-D.Летно ориентирана клубска трака,која би допрела до секое уво.Темата е секојдневието по клубовите и желбата на младите за добар провод.Траката е продуцирана од страна на Monster Beatz од Битола и е ансловена како Let's get this (party started).Да не раскажувам приказни доволно е да слушнете,па после преслушувањето можете да оставите за тоа како ви се допаднала.Линкот...
Види повеќе:
http://0.mk/0669

Wednesday, September 1, 2010

Deyan Fanky ft.Stihoven Kalibar-Се смееш а во себе плачеш/FREE DOWNLOAD

После три месеци песната на Deyan Fanky во која му гостува Стиховен Калибар конечно е пуштена во етер.Песната носи наслов "Се смееш а во себе плачеш" носи порака за тој што ке успее да ја разбере па затоа ке ви препорачам да слушнете.Инаку песнава е најава за новиот албум на Deyan Fanky кој ќе терба да излезе во мај 2011 година.Снимена е во Crew records,текстот е на Deyan Fanky и на Стиховен калибар неговиот дел.Песната можете да ја симнете на целосниот приказ на веста...
Види повеќе:
http://0.mk/329a

Tuesday, August 31, 2010

Pi4 со нова песна/FREE DOWNLOAD

Песната е снимена во Како Браќа production август 2010 и е изведена заедно со Зоран Илиев.За прв пат беше промовирана на 21 август во Fashion caffe и се најде на промотивното цд на Pi4 со што предизвика голем интерес кај слушателите на хип хоп музиката посебно кај обожавателите на Pi4 и Како Браќа.Песната ке се најде на првиот албум на Pi4 на кој сеуште нема наслов и албум треба да излезе до крајот на 2010 година или почетокот на 2011 година.За многу кратко време почна да се врти на радио-станиците низ Македонја како UGD DM,Angels DM,Metropolis radio.Со...
Види повеќе...
http://0.mk/55b1

Saturday, August 28, 2010

Владе Паневски ака Гамо-Одговор

Владе Паневски ака Гамо ви го презентира неговиот прв албум насловен како "Одговор".Овој релативно млад артист има многуд а ви раскаже за неговиот тежок живот,и многу случки да ги изнесе на виделина,се што преостанува е да го симнете неговиот прв албум и да го преслушате и се разбира вие да оцените дали сум во право или не.Албумот е снимен во Madness production за период од 6 до 7 месеци.Целосно е продуциран од продуцентот во Madness production Емил.Како гости на албумот се среќаваат...
Види повеќе...
http://0.mk/3e7b

Хип хоп журка во Битола

Во недела(29 август)на Олимпискиот базен-Император во Битола ке се одржи рап журка на која ке анстапат Урбаниум(Freeestyler,Kanak,Pirat,Odnen beatbox,Mc Suv)Стрес Легионер, Битолски воини,Freedom FightersСтиховно Војување,Слим и Триборд,Реверсе,Sars Spaga(beatbox).Со свои DJ сетови ке се претстават DJ Sherif,DJ Boro,DJ K.Petrovsky(Fresh Union). Исто така промоција на спотот...
Види повеќе...
http://0.mk/d84a

Monday, August 23, 2010

Нова рап сцена(Н.Р.С.) креира нова рап стратегија

Алек и Ико двајцата членови на новосоздадената група Нова Рап сцена(Н.Р.С.) ја презентираат нивната прва трака насловена како исто како и името на групата "Нова рап сцена".Оваа песна е сознадена во ЗАД АГОЛОТ ПРОДУКЦИЈА а ја има продуцираноп Даре(Длабока трага) од продукцијата која ја спомнавме горе.Во рефренот на "Нова рап сцена"се појавува и Гоцка од Римски Масив.Главната цел на оваа песна е претставување на емси-јата од каде доаѓаат,како почнуваат,што слушаати за што рецитираат.Веднаш...
Види повеќе...
http://0.mk/1499

Wednesday, August 18, 2010

TRESH SESHN NEGOTIN

Српската екипа КЗС организира настан за скејт натпреварување и графити џем единствен досега во источна Србија.Репертоарот на ова случување е следен:Скејт сешн(Bes trick contest), графити џем,DJ Fokus,свирка(Aim spins,Rumunsi,Mi samo sfiramo,G-spot)и уште многу други гости кои ке останат за изненадување .Организиран е превоз од Белград и има смештај за учесниците(бројот местата е ограничен).Заинтересираните можат да се јават на телефон...
Види повеќе:
http://0.mk/1f69

Tuesday, August 17, 2010

Ice-D со нова трака

Ice-D уште едно ново име на нашиот сајт.Веста се заснова на промоција на неговата нова трака која е во соработка со Shef,андерграунд артист од Аталанта,САД.Shef поседува сопствен лејбл "Hoodmade Ent." и промотерска компанија "Down2ride productions".Во иднина Ice-D најавува соработка со големи и звучни имиња од американската хип хоп индустрија.Траката е продуцирана од...
Види повеќе:
http://0.mk/e45e

Wednesday, August 11, 2010

Со голема чест ве известуваме дека времето на излегување на новиот албум на Аго се ближи. Албумот се вика "Сеуште има надеж" а е дел од трилогијата "Ангел чувар",а во план е да искочи на почетокот на другата година односно 2011та.Во албумот ке гостуваат артисти од цела европа и делови на САД а како најава тоа можете да го видите во понудената песна која се наоѓа веднаш под содржинава насловена како "Полни раце" во соработка со...
Види повеќе:
http://0.mk/5a14
Нова вест поврзана со женскиот рап во Македонија во која учествуваат трите артистки Big girl,Prvata Dama i Sleet.Big Girl се исто така колумнисти на за една од најпознатите страни за хип хоп во македонија hiphopmacedonia.com додека пак со Првата Дама позната е како Big E се имате веке запознаено на hiphop.mk.Овие 3 рап артистки не изненадија со песна насловена "Оган на суетата" која треба да се најде...
Види повеќе:
http://0.mk/2c91

Sunday, August 8, 2010

Македонски хип хоп лирики

Пред извесен период со колегата од хипхоп.мк тимот Иван Филов на еден од најпопуларните сајтови во моментов Facebook.com отворивме таканаречена фејсбук-страница насловена како "Најдобрите македонски хип хоп стихови" и решивме да ги објавуваме најдобрите мак хип хоп стихови по наш избор,но и останатите кои ке се придружат на истата страница да можат да ги објавуваат стиховите кои најмногу им се допаѓаат.Можете слободно да се придружите до страницата.Сметам дека во Македонија...
http//:0.mk/448c

Friday, July 16, 2010

Тони Зен со соло концерт во Антички театар-Охрид

Симплисите продукција во соработка со Јованов рекордс ви го најавуваат премиерниот соло концерт на Тони Зен насловен "Јас сум хип хоп".Концертот ке се одрѝи на 23-ти Јули во Антички театар-Охрид со почеток во 23:00 часот.На концертот како гости се појавуваат Слаткаристика,Скит Скитара и Токсикологија.Фановите ке можат да уживаат во...
Види повеќе...
http://0.mk/208b

Tuesday, July 13, 2010

Daz Flow ви го поклонува албумот/free download

Daz Flow ви го поклонува алвумот кој излезе пред една недела.Албумот се вика "Кругот се врти" и во песните можеме да го слушнеме секојдневниот живот во Скопје и пошироко. Албумот е продуциран од Воијслав Димитријевиќ & Гордан Божиновски.Музиката на песните(3,4,6,7,8,9,11,12)е од Skeet Skeetara ,на песните (2.5.10) е на Ненад Стефановски-Брус и на песните (1,13,14)е Воијслав Димитријевиќ.Аранжманот на песните(8 и 9) е Skeet Skeetara,на песните (2,5,10)е од Брус,на тркиците (3,4,6,7,11,12,13)е на Гордан Божиновски и на траките(1.13,14) е Воијслав.Дизајнот е на Воијслав Димитријевиќ додека фотографирањето му има припаднато на Марио Дамчевски.Албумот содржи...
Види повеќе...
http://0.mk/9d6c

Monday, July 12, 2010

Real MC со ремикс на германска песна

Real MC изненади со ремикс на една негова германска песна.Песната се вика "Она сака", песната е на раперот Real MC кој ја презентира македонската музика во странство.Снимена во неговото студио 5 стар рекордс.Интересна песна за пуштање низ клубови.Опфатена жешка темтика за летна шема.Линкот за да ја преслушате песната е на целосниот приказ.После прееслушувњето...
Види повеќе...
http://0.mk/0e54

Излезе новиот спот на ФАМ

Спотот на групата ФАМ кој беше промовиран(на 04.07.2010 година)во Скопското кафе Mr. Black за песната "FAM Show" од денес па натака ке имате можност да го погледнете и на хипхоп.мк.Аудио продукцијата е на "Внатре во кругот рекордс" додека видео продукцијата е на Face Off.Спотот е снимен на платно и е најава за албумот "Препознатливи по стилот"кој треба да излезе крајот на годинава.Мало потсетување...
Види повеќе...
http://0.mk/afbb

Thursday, July 8, 2010

Легијата со нова песна и спот "Еј гн'со"

Песната се вика "Еј'гн" со во интерпретација на Легијата поточно(Tonyo San,LD Pistolero,Strajk,Blazhey,ronin i Tazzak Akabatov).Песната е снимена во Tazzakstan студио на Ѕаззак Акабатов и песната е во негова комплетна продукција т.е. Ошав продукција. Видеото истото е направено од Tazzak,а содржи сцени од 2005-та до 2010-та година поточно од 2005-та настап школка Градски Парк,потоа 2006-та самостоен концерт Легијата во кастро,самсотоен концерт Легијата во МКЦ,Легијата лето 2009-та Хип хоп Легија Stage на Фонетика 2 фест,Hip hop Contest...
Види повеќе...
http://0.mk/a44f

Wednesday, July 7, 2010

Снуп Дог на журка кај DJ Бугимен

Супер популарниот рапер Снуб Дог оваа сабота ќе гостувана забавата кај ДИ Џеј Бугимен во елитниот клуб ДУплекс во Приштина по неговиот концерт.Тој го одбрал клубот кадешто нашиот Ди Џеј често гостува како најадекватен за коктел забава по напорниот концерт.Ова лето освен одличните забави ви Приштина Бугимен е резидент Ду Џеј во клубот Хард Рок секоја недела,а ги најавува како можеби најжешки забави летово на охридското крајбрежје,своите резидент вечери во клубот Парк во Охрид секоја среда и Оаза во Струга секој четврток.Ја најавува за наредната недела турнејата на...
Види повеќе...
http://0.mk/9031

Достапноста на рап музиката во Македонија и пошироко

Рап музика и хип хоп култура...Многу моќно ми звучат овие поими,овие неколку збора кои означуваат нешто 24 часа дневно слушам рап музика,секој ден од неделата го живеам животот на хип хоп начин,едно големо место во мојот живот зазема пошувањето на хип хоп колумни и се во мојот живот е засновано на хип хоп...хип хоп...и хип хоп !!!Рап музиката е широк поим.Не мора да значи кога ке го слушнеме овој збор,овој стил на музика дека се работи за некој генг-рап и рецитирање за насилства,мачен живот и тврда музика.Рап музиката ја слушаме и за...
Види повќе...
http://0.mk/4ba9

Monday, July 5, 2010

BUS FEST ВО БИТОЛА

Денес во Битола започнува BUS фестивалот(Bitola United Summer).Фестивалот ке трае 3 вечери.Значи започнува од денесе 5-ти,6-ти & 7-ми Јули на Олимпискиот базен во Битола.Ке бидат опфатени сите жанрови на музика:хип хоп,рок,метал,пунк,реге и техно.На фестивалот исто така ке се видат многу гости надвор од Битола.Рап групата...
Види повеќе...
http://0.mk/db08

Џака Накот ви го подарува "L Prezidente" / free download

Да Џака Накот го подарува својот 6-ти студиски албум на својата публика.Албумот носи наслов "LPrezidente" и содржи траки коишто Џака ги нарекува филмска музика.Како продуцент на целиот проект се јавува самиот Да Џака Накот,но тоа не е се...Овој албум е пролог на увертирата која треба да се случи во Јануари 2011-та година за која Џака го најавува својот 7-ми студиски соло-албум кој во целост се снима кај легендарниот DJ Гоце од С.А.Ф.,и кој ке секако де-лукс издание во физичка форма на компакт диск.Причината поради која...
Види повеќе...
http://0.mk/386a

Saturday, July 3, 2010

Магазин 4-прв број(free download)

Hiphopmacedonia.com денес го пуштаа официјално првиот број на "Магазин 4",првото македонско on-line списание за хип хоп култура,урбан живот и политика.Магазинот е наменет за сите оние кои го живеат хип хопот како и на оние кои сакаат подетално да се запознаат со него.Со огледа на тоа што пилот број на магазинот помина одлично, сметаме дека ова издание уште повеќе ќе ви се допадне.Магазинот содржи...

Види повеќе...
http://0.mk/fd77

Wednesday, June 30, 2010

Промоција на спот на FAM

Во недела(04.07.2010 година)во скопското кафе Mr. Black членовите на рап групата FAM ќе го промовираат своето најново видео-издание за песната "FAM Show".Песната е дел од нивниот албум "препознатливи по стилот".Почетокот е закажан за...

Види повеќе:
http://0.mk/66e6

Friday, June 11, 2010

ЛЕГИЈАТА ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА УПОТРЕБА

Македонската групација Легијата се појави интернационално на јапонска хип-хоп компилација World Rap. Имено ова им е на нив второ претставување надвор од Македонија после романската компилација "Мортал Комбат" со нивниот сингл "дечиња со гангстерска визија" во 2002та. Откако го потпишаа договорот за соработка со јапонската издавачка куќаLD&K Records, нивниот најголем хит-сингл Бонус трака се најде на компилацијата World Rapкоја излезе во продажба на 8-ми јуни 2010-та за јапонскиот пазар, а може да се купи директно од сајтот на издавачот!

Станува збор за ...

прочитај повеќе -> http://0.mk/cc01

АРДИ И ТРАКЕР - ЛИГАВА ПОП ДИВА

Ардијан Демировиќ - Арди оваа недела не изненади со нов сингл заедно со раперот од неговото матично студио Андреј Трајковски ака Тракер. Песната е посветена на поп пеачката Софија Манева која јавно ги нарече раперите "лигави типови" без претходно да нагласи дали е тоа посветено за одредена личност. Но арди изјавува дека песнава не е само за неа туку и за останатата женска популација која ја подржува тезата на Софија занемарувајки го фактот дека парите за шопинг, шминка и лигави спотови ги добиле од тато. Песната е снимена во неодамна отвореното студио Урбан Рекордс, и можете да ја погледнете веднаш под веста.

прочитај повеќе -> http://0.mk/8c82